Оксфорд го победи Кембриџ во веслачката трка меѓу двата престижни универзитета во Лондон. На традиционалниот настан му претходеше вадење на неексплодорана бомба од Втората светска војна во реката Темза.
Годинашната веслачка трка на осмерци во должина од 6,8 километри беше 163. по ред. За Оксфорд ова е 82 победа, Кембриџ има 79, а една заврши без победник.
Првата трка се одржа во 1829 година. Од 1859 година се вози во континуитет со исклучок за време на Првата и Втората светска војна.
„Веслачката трка меѓу двата британски универзитета се одржа по планот, откако беше отстранета неексплодирана направа од Втората светска војна“, соопшти британската полиција.
Бомбата случајно ја открија граѓани во саботата недалеку од стартната линија на патеката во Темза.