Во моментов, додека се одржува седницата на Општина Центар, демонстрантите својот револт го искажуваат со фрлање на јајца врз прозорците на Општината.
Дневниот ред се уште не е утврден на седницата и во моментов, токму таа тема е ставена на маса, додека протестите се уште траат, по краткотрајната пауза која поради дождот ги принуди демонстрантите да се засолнат во блиските кафеани до Општината.