НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Единствениот лифт во болницата „Св. Наум Охридски“е расипан со месеци

0
By Менче Атанасова Точи on April 3, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На раце и во носилки до операционите сали и на одделенијата. Вака се носат пациентите во Градската хируршка болница „Св. Наум Охридски“бидејќи единствениот лифт не работи уште од февруари. И покрај ветувањето на раководството на болницата дека лифтот ќе биде поправен за неколку дена, тој се уште не функционира. Реагираат и пациентите и лекарите.

„Пациентите се носат на носилка по скали , оперирани и тешко болни. Бидејќи ова е единствениот лифт во болницата нема друг начин како да се стигне до операционите сали или до другите одделенија“, велат лекари од болницата.

Ова е соопштението со кое уште на 10 февруари директорката Јасминка Чабуковска го известува медицинскиот персонал, итните пациенти да се пренасочуваат во други здравствени установи. Во известувањето стои дека  лифтот ќе бил поправен во рок од три дена, до 13 февруари. Сега е април, а единствениот лифт во болницата се уште не работи.

Директорката Чабуковска  тврди дека лифтот е стар и е предвидено да се замени.

„Во моментот тоа бара доработка на окно што е тешко изводливо бидејќи имаме пациенти. Затоа лифтот ќе се поправа и за таа цел се нарачани делови. Но и за тие да стигнат треба шест недели. Три веќе поминаа, така да се надеваме дека за три недели ќе стигнат деловите и лифтот ќе биде ставен во функција. Замената на лифтот ќе биде изводлива со целосна реконструкција кога ќе може да се доработи окното“, изјави Чабуковска за НОВА.

Во тек е реконструкција на болницата поради што болницата работи со намален капацитет. Реконструкцијата се одвива бавно, а како што пред два месеца најави министерот Тодоров болницата треба целосно да се затвори и за два месеца да заврши целиот процес, а пацие нтите да се пренасочуваат во болницата „8 Септември“.

Но, во ситуација кога болницата “8 Септември“ затвора цели одделенија и работи само со три операциони сали од вкупно седум, поради недостиг на медицински сестри, кога на скопските клиники се одлагаат операции бидејќи нема медицински потрошен материјал на пациентите пациентите нема каде да бидат згрижени и им останува само приватното здравство. Се разбира, тие што можат да си го дозволат тоа. Закажаните операции се одлагаат до недоглед, а се оперираат само итните случаи. Министерството за здравство досега не се изјаснило за ваквата вонредна состојба во работењето на болниците.

лифт расипан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.