Да се биде англиска кралица несомнено со себе носи „кралски“ привилегии незамисливи за обичниот човек. Уште повеќе, ако сте на тронот 65 години, како Елизабета II.
По тој повод, летово во Бакингамската Палата ќе бидат изложени над 250 подароци кои Кралицата ги има добиено изминатите 65 години, а од над 100 земји.
Помеѓу нив ќе биде и „Големата мајка“, која поранешниот амбасадор на Македонија, Јован Донев во 2013 година и ја додели на Елизабета II. Се работи за копија на неолитската фигура откриена во Скопје во Тумба Маџари.

Исто така, ќе биде презентирана и Јоруба која Кралицата ја добила од Нигерија во 1956 година, која има огромна духовна вредност.
Помеѓу подароците кои ги добила англиската кралица, се и дрвен тотем изрезбан од 78 сантиметри изработен од заедницата Квакјутл од северозанапдниот брег на Канада.

Уште еден тотем од 30 и пол метри кој го добила во 1958 ќе биде изложен во Бакингамската Палата.
Кралицата во 2015 година доби модел со декоративни детали од Бродот на пријателството, кој пловел во 15.век со кој патувал дипломатот Женг Хе.
Уште многу други подароци кои ги добила таа ќе бидат изложени, а ќе има многу со оглед на тоа што Елизабета II е на чело на круната најдолго време и Кралица која патувала во над 250 места изминативе 65 години.