Кувајтскиот суд осуди една жена на 11 години затвор за навреда на Eмирoт и повикување на промена на режимот на социјалната мрежа Твитер, јавува Би-Би-Си.
Худа ал-Ајми, 37-годишна учителка е исто така, осудена за злоупотреба на нејзиниот мобилен телефон.
Таа може да поднесе жалба против казната.
Кувајт казни неколку корисници на Твитер во последните неколку месеци за навреда на својот владетел, Шеикот Сабах ал-Сабах, кој е опишан како “со имунитет и неповредлив” во уставот.