Во Русија е прогласена тридневна по повод терористичкито напад во Санкт Петерсбурс, во која загинаа 14, а над 50 лица се повредени.
Осомничениот терорист е роден во Киргистан, 22-годишен Акбаржон Џалилов, прецизираат од истрагата.
Истражителите нашле генетски траги (делови од телото) од Џалилов на метро станицата Плоштад Востание “, како и видео материјал од безбедносните камери.
Џалилов е роден во киргискиот град Ош во 1995 година, а последните неколку години живеел во Санкт Петербург, изјави за весникот извор близок до раководството на Федералната служба за безбедност.
Според податоци што ги објавуваат руските медиуми, Џалилов добил руски пасош во 2011 година и заедно со својот татко работел во автосервис. Бил верник муслиман, а неговите “верски врски” во моментов се приоритет на истрагата. Наводно Џалилов потпаднал под влијанието на радикалите во Петерсбург уште во 2015 година.
Засега истрагата се придржува кон верзијата дека Џалилов ја оставил експлозивната направа (со јачина на 1 кг тротил, со метални елементи) во кутијата на протипожарен апарат на станица “Площад Востание”. Исто така во ранецот носел експлозив од 300 до 500 грама што подоцна го активирал.




