Published: Wednesday, April 5, 2017 13:33
Германската Влада одобри казни кои достигнуваат и до 50 милиони евра за сите он лајн медиуми кои во рок од седум дена нема да ги отстранат лажните вести и говорот на омраза кои ќе ги пријават корисниците.
-Злосторствата на омраза против кои не се бориме на ефикасен начин претставуваат голема опасност за отвореното, слободно и демократско општество, соопштија од Владата.
Притоа се додава дека извршните директори на групите на социјалните мрежи се соочуваат со ризик да бидат казнети поединечно и до пет милиони евра доколку не ги почитуваат овие мерки, објави АФП.




