Руската манекенка Катерина Лактионова, 27 години, починала од анорексија. Нејзината мајка ги ставила нејзиното тело во куфер и го фрлила во Јадранското море од брегот на Римини, објави денес италијанскиот весник Corriere dellа Sera.
Телото на Катерина го пронашле рибарите пред еден месец во водите на Римини каде што мајката работела како болничарка.
Италијанската истрага се сомневала во убиство. Но набрзо е утврдено дека Катерина починала од неухранетост неколку дена пред нејзиното тело да биде фрлено во морето.
Мајката која има 48 години, се вратила во Русија неколку дена откако телото на ќерката било откриено. Таа раскажала, потресена и тажна, дека неколку дена останала со мртвата ќерка и потоа одлучила да се ослободи од телото.
Катерина била манекенка и поради анорексија и исцрпеност била во болница во Италија во 2015 година.
Овој настан повторно ја отвора дебата за диетите на манекенките кои често се жртви на анорексија. Пред една година Франција донесе закон за да се спречат модните куќи кои бараат од манекенките да биде исклучително слаби. Но, овој закон не се применува иако тој предвидува и санкции.
Примерот на слабите манекенки често го следат младите девојки. Во Франција речиси 40.000 девојки страдаат од анкорексија.




