Јувентус ќе биде ривал на Лацио во финалето на фудбалскиот Куп на Италија. Наполи ја совлада „старата дама“ со 3:2 во реванш полуфиналната пресметка на „Сан Паоло“ со 3:2 , но „бјанконерите“ продолжуваат во натпреварувањето благодарение на триумфот со 3:1 во првата средба.
Предавникот на наполитанците, како што го нарекуваат Гонзало Игуаин во градот под Везув, беше јунак за гостите од Торино. Аргентинецт ги постигна двата гола против својот поранешен клуб во 32 минута и во 59., Хамшик во 53 минута, Мертенс во 61 минута и Инсиње во 67 минута беа стрелци за Наполи.
Лацио во полуфиналето ја елиминира Рома.
Мечот за титулата е закажан на 2 јуни на „Олимпико“ во Рим.