„Српска Босна, српска Херцеговина, српска Македонија и српска Хрватска – тоа е мојата цел”.
Тоа се зборовите на поранешниот лидер на Српската радикална партија Воислав Шешељ пред обвинителите во случајот против Радован Караџиќ во Хаг.
„Тоа беше и се уште е мојата цел, но тоа веќе не е цел на Србија и на денешното српско раководство. Ова е целта на Српската радикална партија, но не и на другите партии”, истакна Шешељ.
Шешељ категоричен дека „во неговата Србија никогаш нема да има малцинства, туку само национално единство меѓу православните Срби, католиците Срби, муслиманите Срби и атеистите Срби”.
“Јас и денес продолжувам да мислам дека Дрина е река која тече низ срцето на Србија. Границата по неа е вештачка и нема да преживее. Никој не може трајно да го подели српскиот народ”, заклучува српскиот радикален водач, пренесува, порталот actualno.com.