Published: Thursday, April 6, 2017 10:54
Стотина куќи се поплавени во местото Еџкамп на новозеландскиот Северен остров по налетот на циклонот Деби, при што спасителите со чамци и трактори евакуираа околу 2.000 жители.
Локалните власти прогласија вонредна состојба по пукањето на насипот пред надојдените реки како резултат на обилните дождови предизвикани од циклонот, кој минатата недела опустоши и дел од источниот брег на Австралија, каде настрадаа шест лица.
Брановите достигнувале и до два метри, објави Би Би Си.
Повеќе патишта се затворени или отсечени поради клизиштата долж Северниот остров.
На Нов Зеланд не е пријавена ниту една жртва, но властите продолжуваат со потрагата по маж, за кој очевидци тврдат дека исчезнал во надојдената река.




