Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груби: Ниту една програма не предвидува федерализација или поделба

0
By Нова ТВ on April 6, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 6, 2017 12:29

Не постои тиранска платформа, туку заедничка декларација на албанските партии. Не бараме промена на знамето и ниту една програма на албанските партии не содржи идеи за федерализација, кантонизација или поделба на земјата. Сакаме Македонија да е цела и го почитуваме нејзиниот уставен карактер и територијалниот интегритет, изјави пратеникот од ДУИ Артан Груби во синоќешната Топ Тема на Телма.

Груби, објаснувајќи што содржи таа заедничка Декларација или Изјава, која единствено не ја потпиша само Мендух Тачи од ДПА, вели дека сите тие точки се дел од изборната програма на ДУИ и дел од барањата на Албанците од 1991 година наваму, вклучително и почитување на уставните промени согласно Охридскиот договор, според член 7 амандман 5 од Уставот.

– Тоа сме го дебатирале и со СДСМ од 2002 до 2006 и со ВМРО ДПМНЕ од 2008 до 2016 и се дебатира и сега, затоа што имаме принципиелни несогласувања околу едно исто што пишува во Уставот. Ние разговаравме во однос на некои јазични решенија и со ВМРО ДПМНЕ. На 29 јануари Централното претседателство на ДУИ заклучи дека тоа што сме разговарале е недоволно да се направи коалиција и затоа ВМРО ДПМНЕ од 29 јануари наваму е веќе во опозиција, парламентарна, рече Груби.

На прашањето дали она што е договорено со СДСМ е доволно, Груби рече дека штом ги дале потписите, значи дека е доволно.

-Разговаравме неколку недели за законот за јазик, за други програмски хармонизации меѓу двете политички партии во една единствена владина програма и затоа таа драфт програма беше претставена од господинот Заев. И сметаме дека тоа е почетна основа за градење на коалицијата понатаму, рече Груби.

Во однос на промената на симболите – грб, химна и знаме, Груби потсети на 2015 година и обидот од ВМРО ДПМНЕ за промена на грбот.

-Значи дека таа иницијатива всушност извира од македонските политики партии, а не е од Албанците. Гледам сега тука се дига толкава фама, кога Македонците побраа промена на грбот, потсети Груби.

Во врска до химната, Групи рече дека во неа Албаниците се непретставени и целосно исклучени, додека во врска со знамето истакна дека не сакаат промена, туку да се отвори дебата.

-Не сакаме промена на знамето, да биде јасно. Сакаме тоа знаме да биде државно знаме , додека македонската етничка заедница да има свои знаме, дали ќе биде од Вергина или некое друго, рече тој, а на прашањето, дали тоа би значело дека сите етнички заедници би требало да побараат  да имаат свое знаме, тој рече дека сите имаат, освен Македонците.

-Ние не бараме промена на државното знаме. Апсолутно не. Ние сакаме вас да ви помогнеме. А државната химна, мора да ги претставува и елементите на меѓуетнички граѓанско општество. И грбот исто така. Така што, таа дебата не гледам дека ќе наруши нешто во уставното уредување, рече Груби.

Во врска со точката од Декларацијата во која се бара осуда на геноцидот, Груби рече дека тоа би било од заедничка корист и за Албанците и за Македонците, за сето она што им се случувало во неколку режими и системи, од Отоманскиот до после Втората светска војна.

-Во тие злодела, злосторства, што се направени во РМ жртви е и Албанците и Македонците. Сакаме да отвориме дебата за сите тие жртви, како настанале, кој е вионовен и на крајот од краиштата, зошто и да не се побара прочка, да се побара извинување. За сите тие жртви и Албанци и Македонци и сите што живееле во РМ, рече Груби.

Артан Груби Декларација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.