Published: Friday, April 7, 2017 09:07
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно ја обвини Европа за „центар на нацизмот“. Тој, како што пренесуваат новинските агенции, во говорот одржан во Баликесир во северозападна Турција изјавил дека расистичките партии ги држеле во раце европските лидери и влади.
Оваа изјава на Ердоган доаѓа по неколкунеделните тензии меѓу ЕУ и Турција по одбивањето манифестации на приврзаници на претседателот Ердоган во неколку европски земји, вклучувајќи ги Германија и Холандија.




