Ердоган денеска пред пратениците ги критикуваше демонстрантите. Премиерот ги обвинил демонстрантите на Таксим за повредување на безбедносните сили, за оштетување јавна сопственост, за нарушување на јавниот ред и за наштетување на имиџот на Турција кај меѓународните инвеститори.
Говорот на Ердоган следува неколку часа откако денеска во раните утрински часови, стотици специјалци влегоа во плоштадот Таксим во Истанбул, и со употреба на водени топови и солзавец ги растераат демонстрантите, слична акција беше спроведена синоќа и во Анкара.
Отстраните се и транспаренти кои висеа од една зграда со поглед на централниот истанбулски плоштад, на нивно место е поставено турското знаме и знамето со ликот на Мустафа Кемал Ататурк
Премиерот го поздравил овој потег, кој го опиша како кинење „партали“.
Премиерот Ердоган се согласи дека ќе се сретне со организаторите на протестите кои почнаа на 31 мај до средба може да дојде утре.
Во анти-владините демонстрации во Истанбул, Анкара како и други турски градови загинаа три лица, а беа повредени околу 5.000.