Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жерновски: Општина Центар е нападната и опседната

0
By Сашка Цветковска on June 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 11, 2013 14:41


По маратонската седница на Советот на општина Центар која почна вчера во 13 часот, а заврши утрово во 8, градоначалникот Андреј Жерновски денеска обвинува дека власта ја опструира работата на општина Центар. Реферирајќи на огромниот број амандмани кои советничката група на ВМРО ДПМНЕ ќе ги поднесе за буџетот на општината, Жерновски изјави дека сето тоа ќе оди на голема штета на граѓаните.

-Веќе сериозно можам да обвинам дека намерата на владејачката гарнитура е да се блокира работата на општина Центар, а тоа ќе биде на штета на граѓаните. Општина Центар без ребаланс, без буџет нема да може да работи, вели градоначалникот на општина Центар.

Жерновски повика на конструктивност за следната седницата на Советот треба да продолжи во четврток во 10 часот. Тој уште еднаш објасни дека намерите на општината не се да руши со измените во Деталниот урбанистички парк, туку да го сочува она зеленило што преостана во општината, а чие уништување се планира во име на бизнис интереси.

-Ние бараме да се укине новиот и да се врати стариот ДУП. И таму, во стариот црквата ја има, значи повторувам црква ќе и нема да се руши. Се надевам ќе има разбирање и не можам повеќе да сфатам за што се протестите, вели Жерновски.

-Сакам општината да се врати на граѓаните, сакам да функционира законот, сакам да престане трајното оттуѓување на јавните површини кои што им припаѓаат на граѓаните и ќе се борам до крај, веќе се бројат часовите кога ќе започне да се гради и на она мало парче зеленило што остана помеѓу хотел Бристол и Рамстор, на сечење дрвја за градење на една неразумно висока повеќекатница, сакам да го спречам проектот затоа што не можам да разберам што ќе е една катна гаража во централниот дел на паркот. Добив доверба од граѓаните за ова, но тоа не значи дека сакам да го рушам тоа што е направено досега.

Жерновски обвини дека власта постојано ја опструира работата на општината, а вчера за време на демонстрациите во општина повторно дошла управна инспекција.

-Не можам да разберам зошто општината е буквално нападната и опседната. Се надевам дека полицијата нема да дозволи да се нападнат оние кои работат во советот. Ова е слика за демократијата во Република Македонија, не станува збор за имиџот на општината и ова не е битка за ДУП-овите и ГУП-овите туку за демократијата и како власта ја разбира таа демократија. Стравувам дека овие случувања ќе се одразат негативно и на извештајот за Македонија од ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.