Светозар Јаневски, мнозински акционер во компанијата „СЈ“, сопственик на франшизата на McDonald’s и нејзин оператор од 1997 година, утре за првпат ќе зборува на прес-конференција за ненадејната одлука на централата на McDonald’s да наметне затворање на седум ресторани од овој бренд во Македонија.
Компанијата „СЈ“ активно ја оспорува оваа активност и како што вели Јаневски: „Не ги запираме напорите за повторно отворање на рестораните“.
Тогаш истака и дека компанијата ќе продолжи да бара решение кое ќе овозможи повторно да се отворат вратите на рестораните.