Јужна Кореја изјави дека откажан е предвидениот дијалог на високо ниво со Северна, закажан за во среда.
„Разговорите нема да се одржат утре“, изјави портпаролката на јужнокорејското Министерство за обединување, притоа необјаснувајќи ја причината.
Сеуште не е јасно дали разговорите се одложени или целосно прекинати.
Двете Кореи претходно се согласија да разговараат по маратонските преговори, со цел да ја обноват довербата после неколку месеци тензична атмосфера и закани од нуклеарна војна.