Во Египет е прогласена вонредна состојба по двата бомбашки напади врз верски објекти во кои загинаа најмалку 44 луѓе, а за три недели во земјата присуство најави папата Франциско.
Вонредната состојба ќе трае три месеци најави претседателот Абдел Фатах ал Сиси во обраќање пред народот.
Нападот во Александрија беше извршен од самоубиец со експлозивен појас.
Првиот напад се случи во црквата Свети Марко, каде се наоѓал коптскиот врховен верски лидер Тавадрос Втори, додека вториот во Танта, стотина километри од Каиро, среде прославата на Цветници во црквата Мар Гиргис.
Одговорноста за двата напади ја презема Исламска држава .
Претседателот Ал Сиси нареди излегување на војската на улиците како помош на полицијата во обезбедувањето на клучните точки. Тој во 2013 ја поведе војската да го симнат од власт тогашниот претседател Мохамед Морси, припадник на Муслиманското братство.




