Published: Monday, April 10, 2017 22:02
Најмалку двајца се убиени, а двајца се повредени во вооружен инцидент во основно училиште во Сан Бернардино, на југот на Калифорнија, соопшти полицијата и претставници на противпожарната служба.
Како што се прецизира, сите убиени се полнолетни, а се сомнева дека двајцата ранети се ученици, пренесува Ројтерс.
Шефот на полицијата во Сан Бернардино Џарод Бурган рече дека изгледа дека е во прашање самоубиствен напад. Тој додаде дека ранетите ученици се однесени во болница.
Еј Би Си њуз претходно јави повикувајќи се на информации на портпаролот на полицијата, дека три лица, вклучувајќи наставници, се погодени во пукањето, покрај напаѓачот.
Учениците од основното училиште се евакуирани и однесени во блиското средно училиште




