Најмалку десет лица се повредени во пожар кој изби во мигантски камп на северот на Франција, јави АФП.
Пожарот зафатил половина од мигрантскиот камп во Денкерк на северот на Франција, а во тој момент во кампот имало 1.500 мигранти кои живееле во дрвените бараки.
Локални претставници изјавиле дека пожарот зафатил 20 бари, а во секоја од нив имало по четворица.
Шефицата на невладината органзиација „Лекари без граници“ Корен Тор изјави дека 1.500 мигранти останале без покрив над главата по вчерашниот пожар. Оние 900 евакурани добиле привремено сместување кај здруженијата и во локалните фискултурни сали, но не се знае каде се уште 600 луѓе.
Според неа, 10 мигранти се во болница со лесни повреди.
Пожарот настана по судирот на околу 150 мигранти. Официјални лица ја поврзаа тепачката на мигрантите со пожарот, но не наведуваат дали ќе биде спроведена истрага за да се утврдат причините за пожарот.
Кампот кај Денкерк е отворен во 2016 година, а го изгради невладината „Лекари без граници“. Очевидци велат дека судирот избил поради зголемувањето на бројот на Авганистанци во кампот откако бил расформиран големиот камп наречен Џунгла“ во Кале.
Авганистанците биле незадововолни поради тоа што се сместени во колективни протостии, а Курдите спиејат во девени бараки, со ограничен број на луѓе.





