Published: Wednesday, April 12, 2017 15:39
Казахстан преминува на латинска азбука. Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев денес ги фиксираше главните насоки на реформата со која до 2025 година кириличната азбука ќе биде заменета со латиница. Причина за оваа реформа е желбата за модернизација на оваа земја од централна Азија.
Во еден весник близок до власта, шефот на државата побара од владата да ја почне работата и да направи календар за оваа реформа.
Казахстанскиот јазик е туркофонски и употребува модофицирана кирилица со 42 букви. Казахстан ја користеше латиницата пред да стане дел од Советскиот сојуз. Но од 1942 година кога влезе во СССР почна да користи кирилица.




