Белата куќа денес испрати нов удар кон Русија, јавува агенцијата АФП. Висок претставник на американската администрација изјави денес дека Москва е вмешана во обидот за воен удар во Црна Гора, на денот на изборите на 16 октомври 2016 година.
Изјавата доаѓа на денот кога Рекс Тилерсон шефот на американската дипломатија е во Русија на разговор со рускиот колега Сергеј Лавров за Сирија.
“Загрижени сме поради мешањето на Русија во изборите во Црна Гора”, изјавил функционерот. Тој додаде дека САД имаат кредибилни информации за руска поддршка за обидот за напад врз владата на Црна Гора.
Специјалниот обвинител на Црна Гора Миливоје Катниќ во февруари тврдеше дека Русија е вмешана во оваа завера која беше спречена и имала за цел да го спречи влезот на Црна Гора во НАТО.
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера даде зелено светло за влезот на Црна Гора во НАТО. Овој чекор за Русија е провокација.
Трамп денес треба да се сретне со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.




