Американската војска ја испали најголемата бомба која нема нуклеарна содржина од своите арсенали во Авганистан на место во кое оперира ИСИС, тврди Пентагон.
„Мајката на сите бомби“ како што го нарекуваат моделот со кој САД ги бомбардирал позициите на ИСИС беше тестиран во 2003 година но никогаш не бил употребен во војна.
Вашингтон, кој ги поддржува бунтовниците, вели во неодамнешниот напад врз силите на Башар Ал-Асад загинале 18 бунтовници но бидејќи сојузниците по грешка ја утврдиле локацијата на позициите на ИСИС.
Денешната бомба фрлена во населбата Ахин во Авганистан е голема 9 метри.
– Ги таргетиравме тунелите и пештерите кои слободно ги користеа џихадистите од ИСИС, потенцира Шон Спајсер од Белата куќа.
Како што објасни тој, претходно биле преземени дејствија за да се заштитат цивили за да нема колатерална штета.




