Published: Friday, April 14, 2017 15:22
Британска државјанка е е убиена денеска во напад со нож во стариот дел на Ерусалим. Осомничениот напаѓач е уапсен, јавуваат израелските медиуми.
Од израелската итна медицинска помош „Црвен Давидов штит“, информираат декја жената била прободена неколку пати додека патувала со воз. Таа веднаш била пренесена во болница, каде што починала од повредите.
Уште една бремена жена е повредена кога возот застанал на станицата за време на нападот, а еден човек е повреден бегајќи од напаѓачот. Локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот е ментално заболен 57 годишен човек од источниот дел на Ерусалим.
Нападот е случи пред утрешниот Свет оган во Ерусалим кога се очекуваат илјадници христијански верници во градот.




