Published: Monday, April 17, 2017 11:32
Дури 60 отсто од гласовите на референдумот за уставни измени во Турција, треба да бидат преброени смета главната опозициска партија.
Народнорепубликанците сметаат дека при спроведувањето на референдумот биле извршени „незаконски активности“.
Според првичните неофицијални резултати од референдумот при преброени 99 отсто од гласовите, за поддршка на уставните измени гласале 51,3 отсто од турските избирачи.
Одѕивот на референдумот изнесувал 86 отсто, а најголемите нтри града Истанбул, Анкара и Измир гласаа со „не“ на референдумот, односно против ингеренциите на Ердоган кои ќе го направат неприкосновен владетел во земјата.




