НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев до Билд: Груевски и ВМРО ДПМНЕ се плашат од соочување со правдата

0
By Нова ТВ on April 18, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска денеска се сретна со ко-претседавачот на Европскиот совет за надворешни односи, поранешен премиер на Шведска и шеф на дипломатијата, Карл Билд.

Како што се наведува во соопштението од СДСМ, заеднички е констатирано е дека демократските процеси се неопходни за напредокот на Република Македонија и дека мора да се овозможат низ почитување на Уставот и законите од страна на сите политички субјекти и институции во државата.

-Парламентарното мнозинство ја презема обврската да го деблокира демократскиот процес во Парламентот согласно Деловникот, Уставот и законите. Ќе биде брзо избран новиот  претседател на Собранието, а потоа и новата реформска Влада. Тоа е одлука на мнозинството граѓани, изразена на кредибилни избори и сите институции во државата се должни да обезбедат мирен трансфер на власта, изјавил Заев.

Тој нагласил дека се недозволиви разгорувања тензии и насилства што се противуставно дело на штета на државните интереси и дека секој кој би се впуштил во такви активности ќе мора да понесе одговорност.

Заев, како што се наведува во соопштението, објаснил дека е формирано парламентарното мнозинство од 67 пратеници и дека во најава е и поддршката на новата Влада од 69 пратеници.

-Има Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија што обезбедува правда и економски перспективи за сите граѓани и евро-атлантска иднина на Македонија. Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ немаат право поради страв од соочување со правдата да ја загрозуваат егзистенцијата на граѓаните и стабилноста на државата, рекол Заев.

На средбата се разговарало и за, како што стои во соопштението, „недозволивите притисоци што ги прави власта во заминување врз невладнините организации, за опасноста од блокада на целиот систем на државата ако не се избере нов собраниски претседател кој треба да ги закаже локалните избори, како и за последиците што ги трпат граѓаните и фирмите на економски план“.

Зоран Заев Карл Билд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.