Во Истанбул во вечерните часови завладеа напнатост. Се повеќе демонстранти доаѓаат на плоштадот Таксим и покрај бројното присуство на полицијата.
Поставени се водени топови но нема нереди. Расположението на демонстрантите е малку славеничко на еден локацијата е одржан и мал концерт.
Како што пренесува БиБиСи, повикувајќи се на туските медиуми, премиерот Ердоган му наредил на министерот за внатрешни работи во рок од 24 часа да ги запре протестите.
„Можеби сепак ќе треба да ги прашаме граѓаните на Истанбул – дали се за реконструкција на паркот, изјави вечерва портпаролот на владеачката Партија на правдата и развојот, Хусеин Челик, кој ги повика демонстрантите да го напуштат паркот за да може животот да се нормализира.
Изјавата доаѓа по средбата на премиерот Ердоган со претставниците на паркот Гези, кои протестираат веќе две недели.
Сепак нема потврда за средбата од страна на лидерите на демонстрантите.