Заменик-претседателот на турската владејачка партија АК вели дека е отворен за идејата за референдум за контроверзните планови за реконструкција на истанбулскиот Гези паркот, јавува Би-Би-Си. Хусеин Челик се надева оти “гест на добра волја” ќе го расчисти просторот, но рече дека оние кои останале “ќе се соочат со полиција”.
Но, тој предупреди: “Оние … кои сакаат да провоцираат и да останат во паркот ќе се соочат со полицијата.”
Имаше мешани реакции меѓу демонстранти на Твитер- некои го поздравија предлогот и други се недоверливи кон властите.
Турските медиуми во средата објавија дека Ердоган му кажал на министерот за внатрешни работи да се стави крај на протестите во Гези Парк во рок од 24 часа.
Во текот на ноќта, полицијата во главниот град Анкара употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.
Полицискиот третман на луѓето во кампањата против уништување на паркот предизвика пошироки демонстрации од 31 мај.
На плоштадот Таксим (видео) беше одржан и мал концерт. Германскиот музичар со италијанско потекло Давид Марчело, со себе на протестите на плоштадот донел клавир и за насобраните граѓани отсвирел низа познати песни, меѓу кои и „Imagine“ од Џон Ленон.