Published: Wednesday, April 19, 2017 15:57
Словенечкиот амбасадор во Македонија Милан Јазбец денеска официјално соопшти дека ќе се кандидира на претседателските избори во Словенија што ќе се одржат оваа година, објави словенечката државна агенција.
Тој за новинарите изјави дека сака да ја зацврсти државничката улога на претседателската функција, што според него е највисокиот морален авторитет во земјата.




