НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светска Банка проектира 1,4 отсто раст за Македонија во 2013

0
By Нова ТВ on June 13, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светската банка ја зголеми прогнозата за растот на македонската економија за годинава од 1 отсто, колку што беше проекцијата во декември лани на 1,4 отсто во најновото јунско издание на својот главен полугодишен извештај „Глобални економски изгледи“.

Сепак, ова ниво на проектиран економски раст, иако зголемено, е најниско споредено со другите меѓународни финансиски институции, како и далеку пониско од проекциите на македонската влада и централната банка.

Минатиот месец Европската банка за обнова и развој ја намали проекцијата за раст на македонската економија од 1,8 на 1,5 отсто. Европската комисија, пак, една недела пред ЕБОР, исто превиде раст од 1,5 отсто за македонската економија, а меѓу овие две прогнози се појави и онаа на Народната банка на Македонија, која беше далеку пооптимистичка и изнесуваше 2,2 отсто.

Така што, оваа нагорна проекција на Светската банка од 1 на 1,4 отсто се сообразува со проценките на ЕБОР и Европската комисија, кои сега проектираат раст од 1,5 отсто. Инаку, минатата проекција на Светската банка беше донесена во декември кога во Македонија траеше буџетската криза во Парламентот, а проекциите за 2012 година беа под нулата.

Актуелната проекција на СБ за Македонија е пониска само од онаа за Црна Гора со 0,8 отсто и на Бугарија со 1,2 отсто. Сите други земји во регионов имаат повисоки проекции за економскиот раст: Албанија со 1,8 отсто, Косово со 3,1 отсто, Србија со 2 отсто и Романија со 1,7 отсто.

Проекциите за глобалниот раст за годинава се 2,2 отсто, а за 2014 предвиден е раст од 3 отсто. На ниво на еврозоната проекциите се пониски, при што за годинава се предвидува пад од 0,6 отсто, а за идната година раст од само 0,9 отсто.

Проекциите за раст за 2014 година за Македонија изнесуваат 2,5 отсто, а за 2015 година 3,5 отсто.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.