Контроверзниот медиумски барон Руперт Мардок, шеф на Њуз корпорејшн, поднесе барање за развод од неговата сопруга Венди Денг, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на потврда од компанијата. Парот, кој се венча во 1999 година, има две деца. Мурдок има 82 години, а Денг 44- заедно беа 14 години.
Би-Би-Си пишува дека според Холивудски веб-сајт кој објавува озборувања, двојката поднела документи за развод во Врховниот суд во Њујорк, утрово.
Во 2011 година, г-ѓа Денг славно застана во одбрана, кога удри еден демонстрант, кој на нејзиниот сопруг фрли пита, додека британските пратеници го испрашуваа Мурдок за телефонското хакирање.