Published: Sunday, April 23, 2017 16:14
Турскиот конзулат во Солун бил нападнат денеска со молотови коктели од мала група, пишува веснникот Хуриет, повикувајќи се на Агенцијата Доган.
Маскираната група фрлила два молотови коктели кон полицајците кои ја обезбедувале зградата на конзулатот во 5:30 часот наутро. Само едниот од молотовите коктели експлодирал.
Нема повредени или материјална штета.
Полицијата пред конзулатот и друг пат била цел на напади.




