Данскиот судија на Хашкиот трибунал Фредерик Хархоф во писмо ги обвинува своите колеги од Хашкиот суд дека ослободителната пресуда за Анте Готовина, Младен Маркач, Момчило Перишиќ, Франк Симатовиќ и Јовица Станишиќ е донесена под политички притисок.
Во писмото кое го објави данскиот дневен весник БТ, данскиот судија посебно ја наведува пресудата за генералите Готовина и Маркач, велејќи „тоа е спротивно на сите видови на правда“.
Тој директно го обвинува претседателот на Хашкиот суд, Теодор Мерон, дека вршел притисок да се донесе таква одлука. Причината за таквиот заклучок ја наоѓа во загриженоста на САД и Израел дека таквата интерпретација на командна одговорност се заканува на нивните воени раководства.
Ослободителната пресуда околу вината за командна одговорност, за судијата Мерон е чекор назад, а повеќето од случаите во иднина ќе завршуваат така што командантите ќе бидат ослободени., се вели во писмото.