Published: Wednesday, April 26, 2017 14:09
Државите членки на ЕУ минатата година одобриле бегалски статус или некаков друг вид заштита за повеќе од 700.000 бегалци, главно Сиријци, соопшти Агенцијата на ЕУ за статистика, Еуростат.
Тоа е повеќе од двојно во однос на 2015 година.
Еуростат соопшти дека 28 те членки на Унијата минатата година пружиле заштита за 710.400 луѓе кои побарале азил.
Притоа се истакнува дека станува збор за 405.000 Сиријци, 65.800 Ирачани и 61.800 Авганистанци.
Германија пружи заштита за над 70 отсто од Сиријците, додека Шведска примила речиси 45.000.




