Во 2011 година, во Република Македонија се реализирани 1,54 милијарди евра инвестиции во основни средства што е за 14,1 отсто повеќе во однос на 2010 година.
Најголемо учество во вкупните бруто инвестиции во основни средства преклани и понатаму има скопскиот регион со 66,4 отсто, додека најмало е учеството на североисточниот регион со 1,2 отсто.
И во сите други региони бруто инвестициите во основни средства се со едноцифрен процент. Најблиски до Скопје е полошкиот регион, но таму отишле само 7,6 отсто од бруто инвестициите во основни средства.
Во пари ова значи дека ако во скопскиот регион се инвестирани 1,02 милијарди евра, во југозападниот регион се инвестирани само 62 милиони евра, а во североисточниот регион само 18,6 милиони евра во основни средства.