Published: Thursday, April 27, 2017 09:56
Францускиот Апелациски суд во градот Колмар, одлучи да го ослободи лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, кој српското обвинителство го товари за воени злосторства во Косово во доцните деведесетти години.
Судот во Колмар по две одложувања, на јавната седница даде негативно мислење на барањето на српските власти за неговата екстрадиција во Белград.
Сега јавниот обвинител од Франција има право во рок од пет дена да поднесе жалба до Врховниот суд таму.
Ако биде одбиена и жалбата на обвинителот, Харадинај ќе биде слободен да ја напушти Франција, а Србија нема да има право на жалба за одлуката.




