Технолошките гиганти Фејсбук и Мајкрософт открија дека добиле илјадници барања за корисничките податоци од владините агенции во САД во последната половина на 2012 година, јавува Си-Ен-Ен.
Фејсбук соопшти дека добил помеѓу 9.000 и 10.000 барања за таргетирање помеѓу 18.000 и 19.000 профили во текот на тој период.
“Овие барања се однесуваат на спектарот – од нешта како локалниот шериф се обидува да најде исчезнато дете, до федерален маршал кој следи бегалец, одделот за полиција истражува напад, до припадник на националната безбедност кој врши официјална истрага за терористичка закана”, генералниот советник на Фејсбук Тед Улиот, напиша во еден пост петокот вечерта