Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган повторно ги повика анти-владините демонстранти да се повлечат и да го напуштат паркот Гези во Истанбул.
Апелот следи по уверувањето на власта дека нема да ги сече дрвата во паркот, се додека судот не го одобри планот за изградба.
Властите дополнително понудија распишување референдум за иницијативата.
Демонстрантите, од друга страна пак продолжуваат со протестите и бараат Ердоган да си поднесе оставка.