Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО издаде наредба за приведување 15 учесници во насилствата

0
By Нова ТВ on April 29, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 29, 2017 23:26

Вечерва Основното јавно обвнителство издаде наредба да се приведат 15 учесници во насилствата врз пратениците и МВР постапува по тоа барање, дознава НОВА неофицијално од извори во МВР и ОЈО.

Осомничените, според истите информации, кога ќе бидат пронајдени, ќе бидат однесени во полициска станица, а потоа и пред судија на претходна постапка.

Врз основа  на претходната информација неофицијално од МВР, се бара и мерки за обезбедување, односно притвор.

Претходно МВР испрати писмо до Основното јавно обвинителство со кое бара под итно да се повикаат на сослушување и да им се одредат мерки за обезбедување на четири лица за кои се обезбедени докази дека биле организатори и водачи на насилството врз пратениците кое се случи во четвртокот во Парламентот.

Неофицијално станува збор за Б.Д,  Б.И, В.Ј.и И.Д. МВР продолжува интензивно да работи на расчистување на насилството во Собранието и обезбедување на докази.

Јавното обвинителство досега испрати само соопштиение до јавноста дека ги следи настаните, но не се изјасни ниту за организаторите, ниту за евентуална квалификација на делото.

Освен дека имаат „редовна комуникација“ со МВР и дека се поставени 6 обвинители да работат на расветлување на упадот од страна на стотици хулигани во Собранието каде што се тепаа пратеници, Основното јавно обвинителство водено од Марко Зврлевски и по два дена не соопштува никаква инфомрација за тоа што и како се работи на оваа истрага. Според нив, немало услови за да се информира јавноста.

Бројот на лицата лишени од слобода, конкретните дејствија на истражните органи, како и натамошните дејствија кои ќе бидат преземени, јавното обвионителство ќе и ги соопшти на јавноста кога ќе се создадат услови за тоа и откако надлежните јавни обвинители ќе завршат со првично утврдување на фактите.

НОВАТВ од извори во истрагата дознава дека во полиција не бил задржан ниту еден од приведените ноќта по тепањето на пратениците, а добар дел од нив биле ослободувани од комбињата по улици додека патувале кон станицата во Автокоманда по повици од високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ како градоначалници, министри и пратеници.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026
shortcut
ФОКУС
July 24, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

ВЕСТИ July 24, 2026

Унгарскиот премиер истакна дека заемот кој ѝ е даден на Македонија е со многу поповолна…

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

July 23, 2026

Техеран ја предупредува Бугарија: Не им дозволувајте на САД да ја користат вашата територија за напади врз Иран

July 21, 2026
ТИКЕР

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.