Себастијан Горка, контроверзниот советник за национална безбедност, како што го опишуваат американските медиуми, ќе ја напушти администрацијата на Доналд Трамп, јавува Си Ен Ен.
Засега е неизвесно дали Горка ќебиде префрлен во друг оддел од администрацијата или ќе добие отказ, бидејќи според изворите на Си Ен Ен, тој ширел премногу контроверзии во Белата Куќа.
Тој е заменик асистент на Трамп и работи во Советот за национална безбедност, а главна задача му било соработка со луѓе надвор од владата.
Себастијан Горка е поранешен уредник во крајно-десничарскиот медиум Брејбарт, и често ги поддржувал радикалните ставови против муслиманите.
Тој е последниот од промените во администрацијата на Трамп по отказот за првиот советник за национална безбедност, Мајкл Флин, потоа на Стив Бенон, како и на советникот К.Т.Мекфарланд.




