НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аиртон Сена – денот во кој шампионот замина во легенди (Фото+Видео)

0
By Нова ТВ on May 1, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Го нарекуваа „дождовниот човек“. Прекарот го доби за неговите доминантни изданија во квалификации и трки на влазни патеки. За некои беше еден од најдобрите пилоти што Формула 1 натпреварувањето ги имало, за некои, пак, беше единствен, најдобар. Денешниот ден, сепак, ќе остане забележан со црни букви во аналите на „летечкиот циркус“. Меѓународниот празник на трудот беше фатален за Аиртон Сена.

 

Трагедијата се случи на „Енцо и Дино Ферари“ во Имола во трката за ГН на Сан Марино. Во формула 1 викендот на Апенините пред 23 години згасна животот на, тогаш, 34 годишниот Бразилец. Пукна и откажа управувачкиот механизам во неговиот болид и со брзината од 218 км/ч. се заби во ѕид на свиокот „Тамбурело“ за време на седмиот круг. Ден претходно на, речиси, истото место животот го загуби и Австриецот Роланд Раценбергер.

„Изгледаше како да спие. Ги подигнав очните капаци и веднаш ми стана јасно дека има тешки повреди на мозокот. Го изнесовме од болидот со намера да го положиме на земја. За време на извлекувањето, иако не сум религиозен, почувствував како душата да го напушта телото. Ми почина на раце. Не можам да поверувам“, се присетува доктор Сем Воткинс, неврохирург, на последните моменти од животот на Сена.

Сена со хеликоптер беше итно префрлен во болница, но спас, за жал, му немаше. Возачите беа во шок од настанот, од стравичната глетка, од самата помисла дека загубија голем човек и одличен возач. Солзи пролеа и Михаел Шумахер кој подоцна се профилира како голем шампион и суверен владетел во Формула 1. Смртта на Бразилецот одекна како бомба низ светот, во неговата родна земја се доживеа како национална трагедија.

На погребот во Сао Паоло присуствуваа три милиони луѓе. Беше директно пренесуван на бразилската национална телевизија, а меѓу оние кои не допатуваа во Бразил да му оддадат последна почит на Сена беше првиот човек на Формула 1, Берни Екслтон. Семејството категорично забрани присуство на шефот на натпреварувањето.

Легендарниот Бразилец дебитира во Формула 1 во 1984 година. Возеше за Толеман, Лотус, Мекларен и Вилијамс. Забележа 41 победа во кариерата, на победничките подиуми се искачуваше уште 39 пати, тргна од 65 пол-позиции и беше трикратен светски првак.

Аиртон Сена ГН на Сан Марино Имола Трагедија Формула 1
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.