Published: Tuesday, May 2, 2017 09:37
Американскиот претседател Доналд Трамп го прекина интервјуто за Си-Би-Ес, откако новинарот го праша за обвинувањата на сметка на неговиот претходник Барак Обама дека го прислушувал.
-Доволно беше, Ви благодарам, му рече Трамп на новинарот и го замоли да ја напушти Овалната соба.
Новинарот Џон Дикерсон побара од Трамп да ја расчисти дилемата, дали има докази дека неговиот претходник го прислушувал, и дека со тоа Трамп има шанси да ги ги прекине лажните вести во медиумите.
-Јас имам свое мислење, Вие можете да имате ваше, рече Трамп. Но кога новинарот рече дека сака да го слушне неговото мислење, бидејќи е претседател, Трамп кусо му одговори: „Доста е. Би благодарам“, и замина кон работана маса во Овалната соба.




