Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анализа: Се штитат ли работничкиот стандард и права

0
By Нова ТВ on May 2, 2017 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 2, 2017 12:56

Иако работат, некои воопшто не можат да ја добијат заработената плата а  за повеќе од 70% – просечна плата од 370 евра е недостижна. Постојано се менува законската регулатива што треба да ги штити работничките права  – а тие права и натаму се газат, пишува Portalb.mk, во аналзиата.

Македонија е една од земјите во регинот и во Европа која последна ја воведе минималната плата, и овој потег Синдикатот предводен од Живо Митревски го прогласи за историска извојувана битка.  Македонскиот работник во 21 век – како живее и дали у е згазено достоинството.

Каде е Македонија во однос на почитување на работничките права?

Најголем број на работници има во преработувачката индустрија повеќе од 137 000, следуваат секоторот земјоделство со повеќе од 120 000 вработени како и трговијата која апсорбира 104 500 работници. Во овие сектори и индустрии,  кои предничат според бројот на работници, се делат и најниски плати. Така, во земјоделството просечната плата изнесува 272 евра а во трговијата пак 354 евра – и во двата случаи плати кои се пониски од репобличкиот просек. Според економистите, освен ниските плати, на пазарот на труд е и зкаонската регулатива која треба да ги штити и зајакнува работничките права.

“Во Македонија постојано се намалуваат работничките права. и ова не е само мое субјективно мислење, туку е емпириски факт кој го потврдуваат сите релевантни извештаи на оваа тема. на пример, според Херитеџ фондацијата, во 2006 година 56 земји во светот имале повисоки работнички права од Македонија, а во 2017 година, тој број изнесува 124 земји. Сметам дека законските решенија сѐ помалку и помалку, зашто работничките права постојано се намалуваат“ – вели економистот Бранимир Јовановиќ и додава:

“Можеби уште поважно, ни тие малку права кои работниците ги имаат не се имплементираат како што треба. Работодавачите постојано ги кршат правата на работниците и никој не реагира. Државните институции кои треба да го прават ова (Трудовата инспекција и судовите) потфрлаат во многу случаи“. Јовановиќ смета дека оваа состојба делумно е и последица на недоречена законска регулатива но пред се главната причина е отсуството на политичка волја.

Како  една од историски извојуваните битки е воведувањето на минимална плата. Во 2012 започна исплатат на минималецот од 131 евро, а во годините што следуваат посепено таа растеше. Проценките беа дека од ова решение во првата фаза ќе се подобри стандардот на 65 000 работници. Според податоците што ги изнесува Митевски,  до воведувањето, 38% од работниците не земалае плата, а сега тој процент не е поголем од 2 отсто.

“Добро е што конечно во Македонија пред неколку години се утврди минималната плата. Но, минималната плата ја утврди Владата а учеството на Сојузот на синдикатите на Македонија и Организацијата на работодавачите беше само декоративна. Намерата вероватно била и Македонија да има најниска плата а колка ва е таа, дали таа ги задоволува основните потреби на работникот, дали е таа соодветна на неговиот труд, тоа никој не го покренува“ – вели Пецо Грујовски од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и задруженијата на граѓани УПОЗ.

Наспроти висината на минималната плата, која сега изнесува нешто над 160 евра, податоците токму од ССМ покажуваат дека месечните трошци за едно просечно семејство изнесуваат повеќе од 520 евра. Овој јас меѓу заработувачката и потребите, според оценките на сидкилаците повторно укажува на нискиот животен стандард што го има работникот во земјава.

“Македонија се претставува кај странските инвеститори како рај со плата од 200 евра,таму има работници кои мораат да работаат и повеќе од полното работно време и не смеат синдикално да се организираат и не смеат да ги бараат своите права. Наместо Македонија да нуди квалитетна работна сила со која ке ги привлече странските инвеститори,се нуди најефтина работна сила. Работата е уште на самиот почеток погрешна“ – вели сидикалецот Грујвски.

Според експертите и дел од преставниците на сндикатите, на полето на трудот потребни се промени. Пред се – приоритет треба да биде нов Закон за работни односи, потоа  вистински социјален дијалог а не “пакт“ меѓу власта и сидикатите и потпишувње на колективни договори на сите нивоа. Дополнително, сидикалните движења, особено оние кои се дел од ССМ, во изминатиот период беа компромитирани и проследени со обвинувања за незаконска битка за задржување на синдикалните фотељи, што  фрли сенка врз улогата и целата воопшто на синдикатите.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.