На видео снимките поставени на Јутјуб, денеска, може да се види дека полицијата употребува водени топови со намера да ги растера демонстрантите кои се собираат на улиците на Анкара, во знак на протест против употребата на прекумерна сила од страна на полицијата.
Додека во Истанбул, демонстрантите се растерани од плоштадот Таксим, а најупорните се движат по околните улици, во Анкара денеска, на плоштадот Кизилау се собраа илјадници луѓе со намера да протестираат.
Полицијата со водени топови и солзавец ја растеруваше поворката која се одржуваше во знак на сеќавање на Етем Сарисулук, 26- годишен демонстрант кој еше застрелан на 1 јуни, додека демонстрираше низ улиците на Анкара поддржувајќи ги протестите за Гези паркот на Таксим.
По две недели во кома, младиот Сарисулук, им подлегнал на повредите