Клубовите од најсилното кошаркарско натпреварување НБА, нема да им дозволат на своите играчи да настапат за националниот тим во квалификациите за Светското првенство во Кина во 2019 година.
Постојат повеќе можности како пак да се направи Дрим тим, само од помалку познати кошаркарски имиња.
Може да бидат регрутирани играчи од развојната лига за да играат во квалификациите или за репрезентацијата да настапат играчи кои играат надвор од САД.
Исто така, првите луѓе на националниот тим ја разгледувале опцијата да вработат повеќе тренери кои би ја предводеле репрезентацијата во квалификациите, бидејќи актуелен селектор на САД е Грег Поповиќ, кој за време на квалификациите, се уште ќе го води Сан Антонио Спарс во НБА лигата.