НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дебата со високи тонови на кандидатите Марин Ле Пен и Емануел Макрон

0
By Биљана Секуловска on May 4, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 

Кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен и центристот Емануел Макрон во синоќешната тензична ТВ дебата разменија серијал обвинувања за нивната визија за Франција, а во фокусот беа тероризмот, економијата и еврото.

Анкетите покажаа сигурно водство на Макрон во оваа дебата- се движат и до 63 проценти водство за него.

Ле Пен визијата за Франција ја гледа практично затворање на земјата- во стриктно справување со илегалната миграција, напуштање на еврозоната и референдум за членството на земјата во ЕУ.

Ле Пен постојано го обвинуваше и исмејуваше Макрон, а жестокоста на нападот најмногу се фокусираше на минатото на Макрон, како поранешен банкар и министер за економија.

Таа дури и го обвини дека тој поседува офшор сметка на Бахамите, после што, ден потоа, најави тужба кон непознат сторител, со оглед што одредени медиуми и социјални мрежи ја објавија оваа вест, која Макрон вели дека е лажна. Париското обвинителство започна прелиминарна истрага по тужбата на Макрон.

По дебатата, медиумите особено во Франција не стивнуваат, критикувајќи го начинот на кој Ле Пен се служела со лаги и манипулации за да го оцрни својот противник. Веројатно најголемиот напад Ле Пен го добива по нејзината изјава, поточно исмевање,  а се однесува на приватниот живот на Макрон, на неговата сопруга која порано му била професорка, инаку 24 години постара од него:

-Г-дине Макрон, гледам дека се обидувате да играте професор и ученик со мене. Но, што се однесува до мене, тоа не е мој начин, навистина”.

Макрон од своја страна критиките кон Ле Пен ги насочуваше во контекст на нејзините изјави за безбедноста на земјата и чистењето од терористите, неколкупати нарекувајќи ја “најголемата свештеничка на стравот”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.