Published: Thursday, May 4, 2017 21:46
Претставничкиот дом на САД го одобри законот за Доналд Трамп за реформи во здравството, за промена на Обамакер, една од главните теми на изборната кампања на новиот претседател.
На овој закон се противеа Демократите како и одредени лобисти кои ги застапуваат пациентите, лекарите и болниците.
– Да не се лажеме, ова е замена за Обамакер, рече Трамп по гласањето.
На Трамп му беа потребни 216 гласа. Ниту еден демократ не гласаше ЗА.
Легислативата сега е на ред пред Сенатот во јуни, каде што се очекува да ја одобрат.
Ова е добра вест за самиот американски претседател, откако некаде во март, ова прашање беше занемарено бидејќи Републиканците сами неѓу себе не можеа да се договорат да го поддржат.





