Published: Saturday, May 6, 2017 10:13
Патниците кои патуваат од терминалот три на аеродромот во Штутгарт отсега, по сопствен избор, ќе можат да слушаат молитви пред влегување во авионот.
Во кабина на терминалот три од аеродромот патниците ќе можат да изберат некоја од 300-те молитви од 65 религии ширум светот.
Кабината ја дизајнирал берлинскиот уметник Оливер Штурм, а достапни се, меѓу другите, христијански, исламски и еврејски молитви.
Портпаролката на аеродромот денеска соопшти дека кабината за молитви, наречена „Гебетомат“ е поставена вчера, а ќе се користи бесплатно.




