Белгија нема намера да им дозволи на Турците од Белгија да учестуваат на референдумот што го планира Турција за воведување на смртна казна како што најави турскиот претседател Реџеп Таин Ергодан.
Белгискиот премиер Шарл Мишел на белгиската ТВ РТБФ изјави:
“Тоа јас нема да го толерирам. Ова е тотално неприфатливо за мене”, рече тој и додаде дека Белгија ќе ги разгледа сите прави можности за да спречи организирање на таков референдум на нејзина територија.
И другите белгиски партии најавија дека не би сакале белгиските Турци да гласаат на референдум за смртната казна која е спротивна на сите вредности кои ги брани ЕУ.
Турците кои имаа двојно државјанство – белгиско и турско – имаат можност да гласаат во турската амбасада. Но можното воведување на смртна казна е според ЕУ “црвената линија” која на Турција дефинитивно ќе и ги затвори вратите на ЕУ на Анкара.




