Германската војна хиерархија најави денес дека дала наредба до сите касарни да се провери дали има нацистички симболи откако во една од нив беа отриени такви симболи.
“Шефот инспектор на Будесвер (германската армија) нареди инспекција на сите имоти на армијата за да се провери дали постојат симболи на Вермахт, нацистичката армија и доколку тоа е случај тие веднаш да се отстранат”, изјави портпарол на министерството за одбрана.
Пред извесно време изби скандал кој доведе до апсење на еден офицер во франко-германската касарна блиску до Стразбург во Франција. Тој е осомничен дека подготвувал убиства на лица од германската левица или странци и велел дека е сириски бегалец.
Истрагата утврди дека ова лице е поддржувач на ултра-националистички и ксенобофни тези. Инспекцијата утврди дека поседувал нацистички симболи од Вермахт, нацистичката армија од 1935-45 година. Симболите биле јавно изложени и никој тоа не го пријавил.




